Eyca.mk

Биди еден од 5.000.000 корисници во Европа!

За EYCA

Европската младинска картичка е многу повеќе од картичка – претставува влезница за млади во светот на информации, мобилност, култура и трендови. Преку мрежа на услуги, попусти и други бенефиции, Европската младинска картичка ги поттикнува младите до 30 годишна возраст, да го истражуваат општеството во кое живеат, бидат информирани за она што се случува во него и да активно, полноправно учествуваат во неговата изградба.

Имаш меѓу 14 и 30 години? Стани носител на Европската младинска картичка која овозможува многубројни бенефиции попусти, дома и во странство.

Асоцијација на Европска младинска картичка / European Youth Card Association (EYCA) е непрофитна организација која обединува 41 организации во 38 земји во Европа, кои ја издаваат Европската младинска картичка на повеќе од 5.000.000 млади луѓе.

  • Преку своите активности и проекти EYCA ја подигнува свеста кај МЛАДИТЕ за предизвиците на Европа и активното граѓанство.
  • EYCA нуди БЕНЕФИЦИИ во транспорт, сместување и други патнички услуги, преку што ја олеснува мобилноста кај младите луѓе.
  • Редовно ИНФОРМИРА преку сите комуникациски канали достапни за членовите – локални и меѓународни вебстрани, списанија и каталози, водич за попусти, е-информатор и социјални мрежи.
  • EYCA го поттикнува УЧЕСТВОТО на младите преку организирање и промовирање на проекти, програми за размена, кампањи, натпревари, наградни игри и други настани само за млади.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА ОВОЈ ЛИНК